Каков малер – Го стегна стомак и ја остави Херта со проклетството долго 13 години

Јоаким Лев цели 13 години откако е селектор на Германија не му даде шанса на ниту еден играч од Херта да настапи за националниот тим и кога тој црн рекорд требаше да заврши, му се случи малер на Никлас Штарк.

Стоперот на Херта требаше да игра како првотимец вечерва од 20.45 часот за Елфот против Аргентина во Дортмунд, но денеска го „стегна“ стомак и нема да настапи.

Лев е селектор на Германија од 2006 година и никогаш до овој меч нема повикано ниту еден фудбалер на Бундеслигашот од главниот град во репрезентацијата. Тоа е најдолга низа на Бундеслигаш без играч во националниот состав на Германија.

Дуелот ќе се игра на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд, или популарниот „Вестфален“, а и двете селекции ќе настапат со комбинирани состави, без главните ѕвезди.

 

- Оглас -

Најнови вести