Каков насилник игра во Премиер лигата – Место да дава голови, пијан тепа деца (Видео)

Шкотскиот репрезентативец Оли Мекбрни направи огромен скандал по поразот на Шефилд јунајтед од Кристал палас, а во пијана состојба нападна група деца и им го искрши мобилниот телефон со кој го снимаа напаѓачот од Премиер лигата.

Мекбрни сезонава често беше повреден, постигна само еден гол на 23 настапи во најсилната англиска лига, иако е еден од главните офанзивци на Шефилд јунајтед, но затоа, за жал, често се истакнува со глупости надвор од терен.

Сега нападна група млади момчиња, кои наводно го провоцирале дека е губитник по испаѓањето на Шефилд јунајтед од Премиер лигата.

На видеото снимено со мобилен телефон јасно се гледа како Мекбрни тепа едно од момчињата, кои потоа успеале да побегнат од напаѓачот на Шефилд јунајтед.

https://twitter.com/SufcLuke_/status/1391505893544562690?s=20

Сега се очекува реакција и од клубот, но и од раководството на Премиер лигата за еден од најшокантните инциденти на фудбалер од елитниот ранг во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести