Фудбалски нокаут – Гарсија не внимаваше, за среќа цврста беше вилицата на Де Јонг (Видео)

Дани Гарсија стартуваше опасно и невнимателно во продолженијата од финалниот меч во шпанскиот Суперкуп, а настрада играчот на Барселона Франк Де Јонг.

Холанѓанецот доби директен удар со глава во брадата, а вистинскиот нокаут сепак го прегрме без сериозни последици.

Garcia headbutts De Jong, no card given from soccer

Атлетик Билбао во возбудливо финале во Севилја ја победи Барселона со 3:2 по две продолженија од по 15 минути, откако во регуларниот дел мечот заврши 2:2.

Во финалето се случи чудо и Лионел Меси го доби првиот црвен картон во кариерата како играч на Барселона, по неверијатни 753 одиграни натпревари за шпанскиот гигант.

Интересно е што Гарсија не доби ниту жолт картон за опасниот и задоцнет старт во дуелот со Де Јонг, а на крајот му се радуваше на пехарот, трет за Атлетик Билбао во Суперкупот на Шпанија.

Атлетик направи вистински подвиг и ги победи и Реал Мадрид и Барселона на завршниот турнир на четирите екипи, кои биеја битка за пехарот во Суперкупот.

 

- Оглас -

Најнови вести