Супер почеток за Несторовски – Со Удинезе ќе игра на премиерата во Италија против шампионот Милан

Илија Несторовски остана во Удинезе и денеска ќе има старт на новата сезона со премиерен меч против актуелниот првак Милан во Серија А.

Новото првенство на Чизмата ќе почне со два дуели од 18.30 часот, па премиерите ќе бидат во Милано и во Џенова.

На „Сан Сиро“ шампионот Милан ќе ја почне одбраната на титулата против популарните Зебри, за кои и оваа сезона ќе игра Несторовски.

Во вториот меч во исто време, од 18.30 часот на „Луиџи Ферарис“ Сампдорија ќе и биде домаќин на Аталанта.

Денеска ќе играат и два клуба кои се нови калчолигаши, а и двата се домаќини.

Лече на „Виа дел Маре“ од 20.45 часот ќе му биде домаќин на Интер, а Монца го чека Торино во истиот термин на својот стадион „Бријантео“.

Италијанското првенство, сега актуелно како Серија А е еден од најстарите фудбалски шампионати на светот и за титула се игра од 1898 година, односно фудбалот на Чизмата има тривековна традиција.

Јувентус е најтрофеен клуб со 36 титули, а зад Старата дама се гигантите од Милано, Милан и Интер со по 19 Скудета.

Двојки, Серија А – Прво коло:

Милан – Удинезе

Сампдорија – Аталанта

Лече – Интер

Монца – Торино

Фиорентина – Кремонезе

Лацио – Болоња

Салернитана – Рома

Специја – Емполи

Верона – Наполи

Јувентус – Сасуоло

 

- Оглас -

Најнови вести