Каков потег, навивачите на ПСВ отидоа во Севилја и лично му се извинија на голманот кој беше нападнат во Холандија

Делегација на навивачите на ПСВ Ајндховен направи потег за почит, отиде во Севилја за лично да му се извини на голманот на шпанскиот тим, Марко Дмитровиќ, кој беше нападнат од фан на холандскиот тим за време на дуелот од нокаут-фазата во Лигата на Европа.

Минатиот четврток еден навивач на ПСВ Ајндховен влета на теренот и се обиде да го удри голманот на Севилја, но Дмитровиќ успеа да го избегне ударот и потоа успеа да го задржи на тревата до пристигнување на обезбедувањето.

Холандскиот тим веднаш му се извини на голманот на Севилја, а сега тоа го направија и навивачите на холандскиот тим. Тие денеска пристигнаа на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“ и на Дмитровиќ лично му се извинија.

„Почитуван г-дине Дмитровиќ, ви се извинуваме во име на сите навивачи на ПСВ. Се надеваме дека сте добро по инцидентот. Ви посакуваме се најдобро и среќа во Лигата на Европа“, стои во пораката од фан клубот на ПСВ.

 

- Оглас -

Најнови вести