Каков реванш на Ванг – Освои само 15 поени против Серена Вилијамс на Отвореното првенство на САД, сега ја елиминира големата шампионка во Мелбурн

Ванг Кјанг многу брзо ѝ се реваншираше на Серена Вилијамс за експресната елиминација на Отвореното првенство на САД, лани во септември, кога доживеа комплетен дебакл во меч што траеше 44 минути и на којшто освои само 15 поени и приреди голема сензација со елиминација на 23-кратната Гренд слем шампионка на турнирот во Мелбурн.

Ванг успеа да се одбрани во првиот сет и ги одби нападите на Вилијамс, која имаше четири брејк топки при резултат 4:4 во гемови, поведе со 5:4 и потоа направи брејк за 1:0 во сетови.

Серена допатува во Мелбурн како голема фаворитка во обидот да ја освои 24-тата Гренд слем титула, со што би го израмнила апсолутниот рекорд на Маргарет Корт, но наиде на мина. Успеа да израмни на 1:1 во сетови откако беше подобра во тај-брејк во вториот сет, но потоа потклекна во самиот финиш, кога се одлучуваше победничката.

Најдобрата кинеска тенисерка во моментов успеа да остане смирена, го доби решавачкиот сет со 7:5 и слави голема победа за пласман во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија. Таму ќе игра против Тунижанката Онс Џабер, која приреди уште една голема сензација во Мелбурн со елиминација на Каролина Вознњацки, шампионката на Отвореното првенство на Австралија од 2018 година. Џабер славеше со 7:5, 3:6, 7:5.

- Оглас -

Најнови вести