Каков шок на „Камп ноу“, ова никој не го очекуваше

Славија Прага не загуби од Интер во Милано, а вечерва приреди нова сензација на гостински терен откако одигра 0-0 против Барселона, кај која Лионел Меси и Серхио Бускетс прославија јубилеи.

На Каталонците многу ретко им се случува да не дадат гол на домашен терен, па публиката која плати билет, беше разочарана од Меси и другарите. Барса за првпат по февруари 2018 година не успеа да постигне гол пред своите навивачи. Тогаш Хетафе беше тимот кој се одбрани 90 минути без да прими гол. Во ЛШ последен тим кој не примил гол на гостување во Барселона беше Јувентус во 2017 година, а во меч од групна фаза седум години се немаше случено Барса да не даде гол дома.

Меси се изедначи со Паоло Малдини по бројот на одиграни мечеви во ЛШ, сакаше да даде гол, но не успеа. Бускетс изби на петто место на вечната листа во Барселона по број на одиграни мечеви.

И другиот домаќин на мечевите од 18.55 часот, Зенит, не даде гол. Лајпциг славеше со 2-0 на гостувањето во Русија и се зацврсти на чело на табелата.

- Оглас -

Најнови вести