Каков шок за Еспањол: Барселона со гол во 96 минута го замолкна цел стадион (Видео)

Еспањол и Барселона одиграа одличен меч, а на крајот дуелот заврши 2:2. Каталонското дерби, беше неизвесно буквално до последната секунда, а домашните навивачи останаа разочарани.

Еспањол цели 15 години чекаше да се израдува на првата победа во првенство против Барселона, но тоа го спречи Лук де Јонг со погодок во 96 минута, кога израмни на 2:2.

Дуелот започна со погодок на Педри по само 78 секунди од почетокот на мечот, но Еспањол не само што не се предаде, туку домаќините направија целосен пресврт.

Дардер израмни на 1:1 што беше резултат на полувремето.

Во 64 минута Де Томас донесе голема радост за домаќините и водство на Еспањол од 2:1.

Сите домашни навивачи очекуваа победа, кога Лук де Јонг буквално во последните секунди од мечот со глава ја затресе мрежата на Еспањол за 2:2.

- Оглас -

Најнови вести