Каков шок за Рома: Џенова со „покер“ голови во мрежата ги понижи избраниците на Жозе Мурињо (Видео)

Вистински дебакл доживеа екипата на Рома вечерва на гостувањето кај Џенова. Домашните фудбалери забележаа убедлива победа од 4-1 и ги оставија избраниците на Жозе Мурињо во долниот дел од табелата само со една победа по шест одиграни првенствени кола во Серија А.

Гудмундсон уште во петтата минута го отвори резултатот и ја доведе Џенова во водство од 1-0. Во 22-рата минута Кристанте израмни на 1-1, но во последната минута од првиот дел домашните повторно се вратија во водство преку Торсби.

Во второто полувреме имаше уште два погодока во мрежата на Рома за убедлива победа на Џенова. Во вториот дел прецизни беа Тросби и Месијас.

Џенова со оваа победа се искачи на 11-тата позиција со седум бода, додека Рома е 16-та само со пет поени.

- Оглас -

Најнови вести