Англиските медиуми објавија интересни детали за Мајк Ешли, сега веќе поранешниот сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл.
Ешли конечно по долг период си замина од клубот, а го продаде за 300 милиони фунти на Јавниот инвестициски фонд, ПИФ, од Саудиска Арабија, а потоа славел дури пет часа во познатото кафуле „Сохо“ и на крајот оставил скромни 5 фунти бакшиш.
Тој беше сопственик на Њукасл 14 години, а по првиот неуспешен обид летоска да го продаде клубот, сега успеа и од пред некој ден нов газди се Саудијците.
Објавено е дека со Ешли на прославата биле уште петмина негови пријатели, не објавија детали колкава сметка платиле, но бакшишот е разочарувачки мал како што пишуваат англиските медиуми.