Каков цар е Роналдо – Прележа корона-вирус, за 180 секунди на терен постигна гол (Видео)

Кристијано Роналдо е фудбалски цар, а колку му недостасуваше на Јувентус покажа за само 180 секунди на терен, со гол за предност од 2:1 против Специја.

Португалецот влезе во игра во 56. минута и го игра првиот меч по паузата поради корона-вирус, но покажа дека е гладен за голови, па погоди во 59. минута.

Ова е и првиот меч за Роналдо во дресот на Јувентус по пауза од четири меча, но потврди дека карантинот не влијаел на неговата форма.

- Оглас -

Најнови вести