Каков цар, фудбалер влегол во паб и оставил 5.000 фунти за пиво за навивачи на Лидс

Фудбалерот на Лидс, Лук Ајлинг, кој сезонава игра на позајмица во Мидлсборо, ги воодушеви навивачите на Лидс и покажа дека сè уште постои „фудбалска романтика“ и врска помеѓу играчите и навивачите.

Имено, Ајлинг патуваше 110 километри од Мидлсборо за да го следи мечот на Лидс против Милвол и на вооодушевување на навивачите, пред натпреварот замина во паб во близина на стадионот „Иланд роуд“ и на шанкот остави 5.000 фунти притоа порачувајќи да се потрошат за пиво на навивачите.

- Оглас -

Најнови вести