Каков цар: Кристијан Ериксен ги изненади соиграчите

Капитенот на данската фудбалска репрезентација Кристијан Ериксен може да е среќен што уште е жив, ако се знае дека пред точно една недела, доживеа срцев удар и тоа за време на мечот против Финска. Пред крајот на првото полувреме, Ериксен падна на тревата, па брзо реагираа лекарите, кои успеаа да го реанимираат и да го вратат во живот.

Ериксен беше пренесен во болница, а по неколку дена успеа да закрепне, а лекарите му вградија дефибрилатор. Најавите се дека тој веќе нема да може професионално да игра фудбал, но тоа не го спречи Ериксен да се појави на еден од последните тренинзи на данската репрезентација.

Само што беше отпуштен од болница, Ериксен побарал да замине во тренинг кампот и да ги види соиграчите. Кристијан бил заедно со неговата жена и двете деца.

„Не ни знаев дека ќе дојде. Само што пристигна, тренингот престана. Изгледаше како да е добро расположен и на целата екипа ѝ даде добра енергија. Сите го прегрнавме“, открива играчот за врска на данската репрезентација, Кристијан Норгард.

Данска по првите две кола во групната фаза е без бодови откако на стартот загуби од Финска со 0:1, а потоа и од Белгија со 1:2. Во третото коло Данска игра против Русија и само теорија може да ги однесе на позиција за пласман во нокаут фазата.

 

- Оглас -

Најнови вести