Каков цар – Вестбрук доби „честитка“ за рекордот и го прослави со трипл-дабл (Видео)

Расел Вестбрук беше во фокусот на вниманието пред мечот меѓу Вашингтон визардс и Кливленд кавалирс и доби посвета дрес со бројот 182 што е симбол за неговиот неверојатен рекорд од трипл-дабл ефекти, најмногу во историјата на НБА лигата и се заблагодари со нов трипл-дабл.

Неверојатниот бек на Вашингтон постигна 21 поен, со 17 асистенции и 12 скока во победата од 120:105. Му фалат уште 17 тројни ефекти за да ја достигне бројката од 200, но веќе го урна рекордот на Оскар Робертсон, кој долго беше на врвот со 181 трипл-дабл.

Вашингтон си обезбеди настап во баражот за плејоф и веројатно ќе игра против Бостон селтикс за да се пласира во првата рунда од доигрувањето за титулата.

Ноќеска уште еден мајстор за трипл-дабл, Никола Јокиќ блескаше и за само 26 минути ја исполни нормата со 20 поени, 15 скока и 11 асистенции во победата на Денвер нагетс против Детриот пистонс со 104:91.

Јокиќ е прв кандидат за МВП на регуларниот дел на сезоната, а има 16 трипл-дабл учиноци во регуларниот дел и вкупно 57 во кариерата.

Со убедливи победи ноќеска против Оклахома, односно Орландо, Јута џез и Филаделфија 76 ги обезбедија првите места пред стартот на плејфот во Западната и во Источната конференција.

Јута ќе биде број 1 во доигрувањето за титулата и во сите плејоф серии ќе има можност да игра еден меч повеќе на домашен терен.

Резултати: Вашингтон – Кливленд 120:105, Детроит – Денвер 91:104, Оклахома – Јута 93:109, Филаделфија – Орландо 122:97, Далас – Торонто 114:110, Хјустон – Л.А. Клиперс 122:115, Мемфис – Сакраменто 107:106, Голден стејт – Њу Орлеанс 125:122. 

 

- Оглас -

Најнови вести