Каков циркус: Двајцата фајтери завршија во базен (Видео)

Мнгу често еден од најинтересните моменти пред фајтерските борби е моментот на службеното мерење и соочувањето на двајцата борци. Така беше и во Шибеник каде се организира меч меѓу Франциско Барио – Кроата и Васо Бакочевиќ – Психо.

Двајцата фајтери со луксузни автомобили се појавија на местото каде што требаше да се изврши мерењето, а беше покрај еден базен. Двајцата „се оладија“ во базенот, а кога Барио требаше да застане на вагата за мерење, го зграби противникот и заедно завршија во базенот.

Веднаш реагираа двајца членови од обезбедувањето, но очигледно беше дека нема многу непријателско расположение кај двајцата борачи.

- Оглас -

Најнови вести