Каков циркуз: Хрватот намерно промаши слободно за да се избегне Србија (Видео)

Многу калкулации имаше пред одигрување на последното коло од Европското кошаркарско првенство, а по завршување на сите мечеви, познати се сите осминафинални дуели.

Од сите мечеви кои се играа во последното коло, најинтересно беше на дуелот Хрватска – Украина што заврши со резултат 90:85 во корист на Коцкестите. Пред да се одигра овој меч, Хрватите имаа три комбинации. Првата беше да победат со осум и повеќе разлика што на Хрватите ќе им го донесеше второто место, да слават со помалку од осум разлика за освојување на третото место и пораз кој ќе ги однесеше на четвртото место.

Ако Хрватска беше втора, Коцкестите ќе заминеа во костурот каде што е Србија, а тоа не го сакаа. Во последниот напад, Бојан Богдановиќ даде поени за водство од 90:83, плус имаше и дополнително слободно фрлање. Ако Богдановиќ погодеше ќе беше осум разлика и тогаш Хрватска ќе беше втора, а тоа Коцкестите не го сакаа. Богдановиќ веднаш се консултираше со луѓето од клупата и јасно беше дека ќе промаши. Слободното фрлање што го изведе хрватскиот кошаркар беше смешно затоа што топката удри остро во предниот дел од обрачот, па разликата остана седум разлика. Целата таа ситуација може да ја видите ТУКА.

Во последниот напад, Украина погоди за конечни пет разлика, па на крајот Украина заврши како втора, Хрватска трета, а Италија на четвртото место. Самиот Богдановиќ вели дека ненамерно промашил, но навивачите не мислат така.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести