Убава авантура за најголемата англиска сензација на 21 век – Лисиците ќе гостуваат во земји во коишто никогаш не играле

Интересна авантура ќе има Лестер, најголемата англиска сензација во 21 век со освоената титула во 2016 и на популарните Лисици им следуваат мечеви во Лигата на Европа против екипи од земји во коишто никогаш не гостувале.

Во Ц групата со Лестер се: Наполи, Спартак Москва и Легија Варшава, па овој циклус во Лигата на Европа ќе биде и запознавање на Лестер со трите земји.

Избраниците на Брендан Роџерс досега во натпревари од еврокуповите никогаш немале дуели со екипи од Италија, Русија и Полска, а во овој циклус ќе направат сефте во сите три земји.

Мечевите ќе бидат многу интересни, групата е изедначена, а Лисиците ќе им бидат противник, и тоа двапати, на Елиф Елмас и на Наполи.

Лестер во сезоната 2015/16 ја освои својата прва титула воПремиер лигата и тогаш ја разби апсолутната доминација на екипите од Лондон и Манчестер, кои беа прваци кои 16 пати по ред беа шампиони на Англија во 21 век.

Потоа и Ливерпул стана првак, па само Црвените од „Енфилд“ и Лестер во 21 издание на Премиер лигата во овој милениум биле шампиони, освен Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал и Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести