Каква бајка – Ни соседите на знаеја дека игра на Вимблдон, а Ема веќе стаса до четвртата рунда

Ема Радукану е голем хит на Вимблдон, а приказната на 18-годишната тенисерка од Бромли се претвори во вистинска бајка по денешната победа од 2:0 против Сорана Кирстеа во третото коло на гренслемот во Лондон.

Радукану е вистински глобтротер, родена е во Торонто, живее во Бромли, татко и е Романец, а мајка и е Кинескиња. Ема се уште е тинејџерка, но игра импресивно на првиот голем турнир и на дебито на гренслем турнирите веќе ги победи Дјатченко, Вондрушова и Кирстеа, а не е без шанси и во четвртото коло против Томљановиќ.

https://twitter.com/Tenis_Central/status/1411323093965053956?s=20

Приказната е уште поинтересна ако се знае дека Радукану е рангирана како 338. тенисерка на светот, убедливо најнизок ранкинг од сите преостанати тенисерки што ќе атакуваат на титулата.

Интересно е што дури и нејзините најблиски соседи воопшто не знаеле дека девојката што живее во Бромли игра на Вимблдон.

„Воопшто не знаевме дека Ема ќе игра на Вимблдон. Случајно ја видовме на телевизија. Заслужи ваков успех. Постојано уште како девојче беше на улицата со рекетот и топчето в рака. Бромли веќе оддамна навива за Ема, а сега цела Англија ќе ја бодри за успех на Вимблдон“, велат соседите на Ема, во приказната што ја пренесе „Дејли Мејл“.

Особено изненадувачка беше победата против Вондрушова во второто коло, бидејќи нејзината ривалка во 2019 година играше финале на Ролан Гарос, а Ема е дебитант на гренслем турнирите.

Сега Радукану го чека новиот предизвик на Вимблдон, ќе игра против Томљановиќ и ако пак победи ќе се пласира во четвртфиналето, што би бил подвиг од невидени размери за 338-рангирана тенисерка.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести