Каква бомба би било тоа, Бразил сака нов селектор да биде човекот што ги елиминира на Мундијалот во Катар

Бразилската фудбалска федерација сака наследникот на Тите на клупата на Каиорите да биде човекот што ги елиминира на Светското првенство во Катар, Златко Далиќ, пишува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Весникот, повикувајќи се на свои извори во менаџерските кругови, пишува дека актуелниот селектор на Хрватска е еден од тројцата кандидати за наследник на Тите. Покрај Далиќ, Бразилците размислуваат и за Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола иако веќе од двајцата добија негативен одговор.

Кариоките испаднаа во четвртфиналето на СП во Катар од Хрватска во пенал рулетот, и Бразилците сакаат идниот селектор да донесе дисциплина во играта и сметаат дека Далиќ е еден од идеалните кандидати што може да го реализира тоа.

Бразил е најтрофејна репрезентација со пет триумфи на Светските првенства, но последната титула ја освои 2002 година.

- Оглас -

Најнови вести