Каква брука, Икарди ја имаше утката на кариерата (Видео)

Галатасарај води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Истанбулспор, голот за водство го даде Мауро Икарди, но Аргентинецот при 0-0 се посрамоти како никогаш претходно во кариерата.

Беше досуден пенал за Галата, а изведувач требаше да биде Керем Актуркоглу, кој сепак немаше намера да шутне иако се подготвуваше, туку беше договорен со Икарди, само кратко да му асистира, па Аргентинецот да постигне гол.

Актуркоглу го измами голманот, но Икарди утна празен гол.

Подоцна Икарди од многу потешка позиција постигна гол и малку го ублажи срамот поради кој му се смее цел свет после неуспешниот трик кој го направија со тимскиот колега.

Погледнете што утна Икарди:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести