Каква чест: Дончиќ прво доби брендирани патики, па и два терени со неговото ново лого (фото)

Уште еден доказ дека Лука Дончиќ е кошаркарска суперѕвезда на само 22 години. Словенечкиот кошаркар отсега на паркетите во НБА-лигата ќе игра со сопствени брендирани патики, за кои си доби и свое лого кое ги претставува неговите иницијали, како и бројот 77 кој го носи на дресот од Далас маверикс, како и словенечката репрезентација.

Патиките ги произведува „Ер Џордан“, подбрендот на „Најки“, а во таа чест фондацијата „2К“, која е под капата на компанијата која креира популарни видеоигри меѓу кои и самата „НБА 2К“, реши да ги обнови кошаркарските терени во Љубљана на кои што Дончиќ ги направи првите чекори во кошарката.

Најдобриот кошаркар на Далас неодамна потпиша нов мегадоговор со франшизата од Тексас вреден повеќе од 200 милиони долари, а Дончиќ веќе се етаблира во еден од најпопуларните спортисти во светот, маѓепсувајќи ги љубителите на кошарката со своите фантастични игри.

- Оглас -

Најнови вести