Манчестер сити ја „напиша домашната задача“ против Кристал Палас, победи со 3-0 и сега има само два бода помалку од лидерот и подобра гол-разлика.
Сити продолжува да им прави притисок на Топчиите, но во следното коло Арсенал игра дома со испаднатиот Барнли, и ако победи, ќе чека кикс на Сити на гостувањето кај опасниот Борнмут, за да ја прослаави титулата. Ако Граѓаните го победат Борнмут, последното коло ќе одлучува кој ќе биде англиски шампион.

