Каква драма на азискиот Куп, Либан испадна поради жолти картони

Либан ја победи Северна Кореја со 4-1 во последниот меч од фазата по групи и испадна на необичен начин – поради повеќе жолти картони од Виетнам.

И Либан и Виетнам во своите групи како третопласирани селекции освоија по три бода со идентична гол-разлика, 4-5, па одлучуваа жолтите картони. Вкупно, Либан имаше повеќе опомени од Виетнам, билансот е 7-5 на трите меча што ги играа и Виетнамците одат понатаму заедно со уште три третопласирани селекции во шестте групи.

Либан бркаше победа со разлика од четири голови, но не успеа, а последниот за надеж го даде Ел Хелве во 98-мата минута. Време за уште еден гол немаше, па и Либан и Северна Кореја испаднаа.

Во меч за првото место во истата група Катар ја победи Саудиска Арабија, а и двете репрезентации се пласираа во нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести