Каква драма во Хрватска: Осиек и Локомотива во директен дуел за местото во ЛШ, а на крајот може да ќари и Риека

Не е атрактивно како најсилните лиги во Европа, но хрватското првенство денеска ќе има интересен расплет. Динамо одамна ја обезбеди титулата, но борбата за второто место на табелата кое води во квалификациите од Лигата на шампиони е сон за три екипи. Осиек, Локомотива и Риека се во „мртва трка“. Осиек и Локомотива имаат по 62 бодови, додека Риека е на четвртото место со 61 бод.

Вечерва, во дуректен дуел Осиек ја пречекува Локомотива и тоа е мечот кој треба да го одлучи патникот за во ЛШ. За еден гол Осиек е подобар во гол разликата и има адут кој на крајот не мора многу да реши. Домашниот терен треба да биде адут за Осиек, затоа што тоа е единствената екипа во хрватското првенство која сезонава нема ниту еден пораз на својот стадион (13 победи, 4 нерешени).

Локомотива мора да брка победа, а статистиката покажува дека сезонава овој тим на гости нема победа против ниту еден од главните ривали. Сепак, доколку Локомотива успее да одигра нерешено, тоа може да биде радост за Риека.

Екипата која е четврта и има само еден бод зад ривалите кои решаваат во директен дуел, на крајот може да ќари. Ако Осиек и Локомотива одиграат нерешено, а Риека на свој терен ја победи Истра, тогаш Риека ќе се радува на место во ЛШ.

Калкулации има многу, двата меча почнуваат во 21:05 часот и се голем предизвик и за обложување во Sport Life. 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести