Реал Мадрид беше центарот на огромна драма на денешната прес-конференција на претседателот Флорентино Перес, кој настапи видно нервозен и упати остри критики кон медиумите, Барселона, судиите и Ла Лига.
Најголемо внимание сепак привлече неговиот коментар за конфликтот меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени.
Перес откри дека вакви тензии во соблекувалната не се невообичаени во Реал, велејќи дека под голем притисок играчите често влегуваат во конфликти како дел од конкурентноста.
Сепак, тој нагласи дека поголем проблем од самиот инцидент е фактот што информацијата протекла во јавноста.
Претседателот посебно се задржа на темата за протекување информации од внатрешноста на клубот, нарекувајќи ги тие извори „кртови“ и најави дека мора да се открие кој стои зад објавата за конфликтот.
Според шпекулациите, информацијата во медиумите ја пренел Дани Себаљос, кој наводно е незадоволен од односот со тренерот Алваро Арбелоа и својот статус во тимот.
Перес, сепак, ги бранеше Валверде и Чуамени, нарекувајќи ги „фантастични играчи и луѓе“, и порача дека внатрешните проблеми мора да останат во клубот, а не да завршуваат во јавноста.

