Ливерпул размислува да го купи Боувен како замена за Мохамед Салах

Името на Џeрод Боувен се наоѓа меѓу оние кои раководството на Ливерпул сериозно ги разгледува како можни замени за Мохамед Салах, тврдат англиските медиуми.

Дваесет и деветгодишниот англиски репрезентативец речиси сигурно ќе го напушти Вест хем, а доколку Чеканите од Лондон испаднат од Премиер лигата, целиот процес околу негов трансфер ќе биде значително олеснет.

Боувен, кој има 84 гола на 278 натпревари за Вест хем, има договор до 2030 година, што му овозможува на лондонскиот клуб да бара висока отштета. Според изворите, Вест хем е подготвен да го пушти за околу 60 милиони фунти.

Интерес за англискиот репрезентативец покажуваат и Њукасл и Евертон.

- Оглас -

Најнови вести