Тежок удар за Арсенал во завршницата од сезоната

Арсенал се соочува со сериозен удар во завршницата на сезоната откако пристигнаа лоши вести за состојбата на Бен Вајт.

Според информациите, англискиот дефанзивец речиси сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на лигаментите на коленото.

Ова доаѓа во исклучително чувствителен момент за лондонскиот клуб, кој се бори за титулата во Премиер лигата.

Микел Артета и неговиот тим моментно се на врвот на табелата и имаат реална шанса да ја освојат шампионската титула по подолг период.

Покрај домашното првенство, Арсенал го очекува и големо европско финале против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Отсуството на Бен Вајт претставува сериозен хендикеп за тимот, особено поради неговата способност да покрива повеќе позиции во одбраната и да носи стабилност во најтешките натпревари.

Навивачите реагираа со голема загриженост, свесни дека ваква повреда може да има директно влијание врз борбата за титули во завршницата на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести