Каква е оваа ситуација – Пандев за првпат во кариерата ќе бие битка за опстанок

Горан Пандев денеска ќе бие голема битка за опстанок со Џенова во последното коло во Серија А на гостувањето кај Фиорентина.

Поразот не е опција за Џенова и за Пандев, бидејќи со таков исход во Фиренца сигурно испаѓаат. Реми може да им одговара, само ако некогашниот клуб на Пандев, Интер, го победи Емполи на домашен терен.

Победа против Фиорентина речиси сигурно ќе значи нова сезона за Џенова во Серија А, бидејќи ќе имаат подобра меѓусебен скор со „виолетовите“ што е гаранција за опстанок.

Пандев во кариерата играше за Беласица, Интер, Лацио, Наполи и Галатасарај, пред да дојде во Џенова, а не ги сметаме Анкона и Специја каде беше позајмен од Интер на почетокот на кариерата во Италија.

И во сите ови клубови најчесто биел битка за титули, ги има вкупно 9, една од нив е и таа од Лигата на шампионите со Интер, а сега во залезот на кариерата за првпат ќе стравува за опстанок.

Мечот со Фиорентина ќе се игра вечерва од 20.30 часот на „Артемио Франки“.

 

- Оглас -

Најнови вести