Каква е состојбата на стадионот „Максимир“ по силниот земјотрес?

Главниот град на Хрватска, Загреб, вчера наутро беше погоден од силен земјотрес и оштетени беа многу згради и катедралата во центарот, а и стадионот „Максимир“, на којшто игра Динамо на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, не мина без оштетувања.

Од Динамо објавија дека има одрони на бетонски делови во подножјето на западната и источната трибина, додека на северната биле искршени две стаклени површини.

- Оглас -

Најнови вести