Хорхе Пулидо ќе влезе во историјата на шпанскиот фудбал како единствен играч што бил на терен со мобилен телефон, а комичната ситуација се случи на дуелот меѓу Атлетик Билбао и Уеска во петокот.
Стоперот на гостите заборави да го остави мобилниот телефон во соблекувалната на почетокот на второто полувреме, па ја видовме најсмешната ситуација во Ла Лига во 2020 година.
Пулидо тргна да се брани по нападот на домаќините и забележа дека му падна мобилниот телефон, а сè уште е нејасно како успеа да го прошверцува на теренот.
Unusual scene in LaLiga: Jorge Pulido (Huesca) forgets to put his mobile phone away before going on to the pitch after HT. After playing with it in his hand for 1 minute, he hands it to the referee to take it out of field. from soccer
За да биде главен трагичар на мечот, се погрижи главниот судија Пизаро, кој го исклучи Пулидо во финишот на мечот, иако не го казни за носење мобилен телефон во текот на играта.
Атлетик ја победи Уеска со 2:0, а Пулидо си заслужи место во историјата на шпанскиот фудбал со најчудниот потег што е виден на терените во Ла Лига.