Фудбалскиот клуб Карарезе после дури 76 години, повторно ќе игра во италијанската Серија Б, а историскиот успех го остварија со победата од 1-0 во плејофот против Виченца.
Стрелец на единствениот гол во двомечот беше Финото.
Карарезе е клуб од градот Карара, во кој е роден легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, а во местото Маса, кое е веднаш до Карара, роден е Николо Ѕаниоло и тој присуствувше на мечот и славеше со фановите.
Славјето на Карарезе по последниот судиски свиреж погледнете го ТУКА.
Освен Карарезе, во Серија Б влегоа и Мантова, Чезена и Јуве Стабија.