Каква серија на шампионката на Ролан Гарос – Ига не застанува, веќе изброи до 22

Ига Швјонтек не запира и гази сигурно кон ново гренслем финале и одбрана на титулата на Ролан Гарос. 20-годишната девојка од Варшава успеа да ја победи Анет Контавејт со 7:6, 6:0 и да ја продолжи и битката за нов пехар и серијата од 22 едноподруго освоени сетови на гренслемот во Париз.

Лани го освои турнирот без загубен сет, односно со 14:0. И сега на ова издание ја продолжува серијата без пораз и без загубен сет, а за пласман во четвртфиналето ќе игра против Марта Костјук, која е 81-рангирана тенисерка на светот, а денеска за првпат обезбеди пласман во осминафинале на Ролан Гарос.

Настап во осминафиналето вечерва обезбедија и Сакари со победа од 2:1 против Мертенс, потоа и Џабир со идентична победа против Линете и Гоф, откако нејзината противничка Брејди се откажа во вториот сет.

 

- Оглас -

Најнови вести