Каква тениска легенда: игра дури 26 години и нема ниту една победа!

Името на Италијанецот Енрико Бекуци веројатно ништо не им значи на љубителите на тенисот, но 47-годишниот тенисер на некој начин е вистинска икона во овој спорт поради тоа што нема ниту една победа во 26-годишната кариера. Бекуци играл на многу Челинџер турнири, но никогаш не добил натревар и 26 години ја чека првата радост и први поени за рангирање на светската листа.

Бекуци доцна, на 21 година ја почна кариерата, првиот меч во 1995 година го загуби со 0-6, 0-6 и оттогаш одигра 270 меча, но не добил ниту еден. Тој патува секаде низ светот, од Јужна Америка до Нова Каледонија и потрошил многу пари за патувања, но иако има 47 години и веќе требаше да биде пензиониран, вели дека нема да се откаже од исполнување на својата цел, а тоа е да добие барем еден меч. Вели дека му е сеедно дали победата ќе биде во сингл или во двојки.

„Играм само за таа една победа, само една. Кога ќе ја остварам, ќе се повлечам“, изјавува Бекуци, кој последниот настап го имал на 16-ти декември во Анталија, кога во пар со Емир Сендоган загубија од Русите Панин и Зубров.

Можеби е најголем губитник во историјата, но благодарение на негативниот рекорд, ќе стане познат во светот и го привлекува вниманието на медиумите.

Најблиску до победа бил во 2003 година на турнир во Софија, Бугарија. Имал меч-топка, но не ја искористил. Инаку, најчесто средбите ги доби без освоен гејм. Просекот на освоени гејмови му е само 2. Вели дека слаба точка му е сервисот, а играл и против познати тенисери, како Хачанов и Алмагро (се разбира дека и од двајцата загубил со по 0-6, 0-6).

 

- Оглас -

Најнови вести