Чандлер Парсонс имаше тешка сообраќајна несреќа на 15 јануари во судир со пијан возач кој налетал на неговиот автомобил и веројатно нема да може да ја продолжи кариерата во НБА-лигата.
Американските медиуми објавија дека 31-годишното крило на Атланта хоукс има повреди на главата и на рамото, поради кои е речиси невозможно да продолжи да настапува во НБА-лигата.
Дека тешко ќе може да продолжи да игра кошарка, говори и изјавата на адвокатите на Парсонс, кои веќе покренаа тужба против пијаниот возач, кој е виновник за сообраќајката.
Инцидентот се случил во моменти кога Парсонс се враќал дома од тренингот на Атланта хоукс пред шест дена.
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.