Каква трагедија за Зверев – Го повреди скочниот зглоб и му го предаде полуфиналниот меч на Надал (Видео+Фото)

Александер Зверев доживеа мнигу непријатен момент во финишот на вториот сет против Рафаел Надал и мораше да му го предаде полуфиналниот дуел на Ролан Гарос, откако го повреди скочниот зглоб.

При обид да врати едно топче при резултат од 6:5 за него во вториот сет, откако го загуби првиот со 6:7, Зверев се лизна и се повреди.

Веднаш беше јасно по реакцијата дека гераманскиот тенисер трпи голема болка, а откако му пружија помош, беше сместен во количка и замина од централниот терен во Париз.

Надал и публиката на Ролан Гарос го чекаа исходот, дали Зверев ќе успее да се врати и да го доигра првото полуфинале, но популарниот Алекс не можеше да игра и го предаде мечот при резултат 6:7, 6:5 во финишот на вториот сет.

Надал ќе игра за 14-та титула на Ролан Гарос, против подбедникот од второто полуфинале меѓу Каспер Руд и Марин Чилиќ.

До прекинот полуфиналето меѓу Надал и Зверев беше спектакуларно и во двата сета што беа дотогаш одиграни мечот траеше 3 часа и 7 минути.

- Оглас -

Најнови вести