Каква ѕверка е Себалјос – Им се закануваше на Пике и Фабрегас со диктаторот Франко, се тепаше, но и изеде ќотек во Лондон

Дани Себалјос има многу незгоден карактер, иако е одличен играч, но не напредува како што се очекуваше од најдобриот млад фудбалер на ЕП во Полска пред три години.

Имаше многу инциденти во Бетис, а Густаво Појет, кој му даде шанса да се промовира, потоа изјави дека е разочаран.

„Тој е голем талент, но не сака да слуша и да работи. Тврдоглав е и со незгоден табиет, што му создаде многу непријатели“, изјави Појет.

Себалјос пред некој ден го извлече подебелиот крај во тепачката со Давид Луиз на тренинг на Арсенал, иако се обиде да ги демантира медиумите дека воопшто имало физичка пресметка.

Претходно уште додека беше член на Бетис со недоличен однос ги испрати играчите на Хетафе во Втората лига, токму по поразот од неговиот клуб.

„Се надевам дека долго ќе останете во Сегунда и дека ќе ви згасне клубот“. Се закачи и со Каталонците и Баскијците, а пред финалето во Купот на Шпанија меѓу Барселона и Ателтик Билбао напиша дека треба да се фрли бомба на „Камп Ноу“.

„Нека фрлат бомба за да погинат сепаратистите“ напиша Себалјос со многу говор на омраза.

Но и не застана тука, па кога Пике и Фрабрегас го развиорија знамето на Каталонија додаде: „Славите со каталонското знаме. Штета што Франко не е жив, сигурно немаше да го правите тоа“, е една од серијата скандалозни објави на 24-годишниот фудбалер на Арсенал, кој игра како позајмен играч за Топчиите од Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести