Какви херои – Им го изрешетаа автобусот, петмина играчи завршија во болница, но сепак играа фудбал

Фудбалерите на нигерискиот клуб Ифеани Убах не се откажаа и денеска го одиграа мечот со Џигава Голден старс што беше закажан за во саботата, а иако претрпеа вистински хорор, сепак истрчаа на теренот.

Загубија со 1:2, но покажаа дека спортот и фудбалот се посилни од сите противници. Во петокот автобусот со кој патуваа долги 822 километри на гостување кај Џигава Голден старс им беше нападнат од друмски разбојници максирани во војнички одела.

Во нападот има петмина сериозно повредени играчи, кои потоа беа згрижени во болница, а патешествието на останатите играчи, на членовите на стручниот штаб и претставниците на клубот продолжи и денеска се одигра мечот.

Домаќините славеа со 2:1 против хендикепираните гости, кои се јунаци со оглед на целата ситуација. Не се откажаа од настап на фудбалскиот меч, иако преживеаја вистинска драма во петокот.

- Оглас -

Најнови вести