Страшна трагедија во Нигерија – Изрешетан автобус, пет фудбалери се во критична состојба (Фото)

Страшен инцидент се случи во Нигерија, а нападнат е автобус што ги возел играчите на прволигашот Ифеани Убах на долгото и исцрпувачко гостување од 822 километри.

Друмски разбојници кои биле маскирани во војнички униформи отвориле оган, а петмина фудбалери на прволигашот се тешко повредени и се во критична состојба.

Иефани Убах требаше да му гостува на Кано Пиларс и овој инцидент не е прв ваков во Нигерија. Токму играчи на Кано Пиларс пред пет години беа сочекани во заседа и автобусот им беше изрешетан со куршуми. И тогаш имаше пет фудбалери кои беа сериозно повредени.

Патешествијата на спортистите во Нигерија се многу опасни, бидејќи честопати се оди низ необезбедени патни правци и на многу долги релации.

- Оглас -

Најнови вести