Какви се коефициенти за мечевите од првото коло по рестартот во Бундеслигата!?

Поминаа речиси два месеци од одигрувањето на последниот меч од Бундеслигата во Германија, кога на 11 март Борусија Менхенгладбах со 3:1 го победи Келн. Веднаш по тој меч, се стопираше фудбалското првенство, кое е едно од најинтересните во светот. Останаа да се доиграат уште девет кола за да се дознае комплетниот расплет за оваа сезона, во која Баерн Минхен повторно е прв фаворит за титулата, но има уште четири екипи кои реално уште се со шанси дека може да стигнат до тронот.

Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, вчера даде дозвола конечно да се продожат мечевите во Бундеслигата, и тоа со мечевите од 26-тото коло, кое на програмата ќе биде од 16 до 18 мај. Ќе следуваат девет интересни мечеви, а во фокусот ќе биде дербито на Рур меѓу Борусија Дортмунд и Шалке. По одлуката да се продолжат натпреварите во Бундеслигата, обложувалниците на Sport Life ги објавија и коефициентите на сите девет меча од Бундеслигата, но и за дуелите од Цвајт, односно втората Бундеслига.

Иако сите средби ќе се играат без публика и домашниот терен нема да биде од голема корист, Борусија Дортминд без поголеми проблеми треба да го победи Шалке, па за триумф на Милионерите, коефициентот е 1.55, додека победа на Шалке вреди 6.30 коефициент.

Актуелниот шампион Баерн ќе гостува во Берлин кај Унион, а за победа на баварскиот гигант коефициентот е 1.25. И Лајпциг, кој е во трка за титулата, треба да освои три бода и тоа на свој терен против Фрајбург, а коефициентот за „кец“ е 1.35.

Сите останати коефициенти од мечевите кои се на понудата на Sport Life може да ги проверите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести