Какви се овие квалификации, Србија во кошарка загуби од Швајцарија! (Видео)

После вчерашниот шокантен пораз на Литванија од Данска, денеска во квалификациите за кошаркарското ЕП се случи уште една сензација, Србија загуби од Швајцарија со 90-92.

Србите кои освојувале медали од големите натпреварувања и имаат еден куп феноменални кошаркари, без своите НБА и евролигашки ѕвезди, се посрамотија против селекција со која Македонија разигруваше во Б дивизија. Новите правила и бројните отсуства кај најсилните селекции во Европа, се шанса за помалите кои немаат толкава традиција.

Интересно е и што во швајцарскиот тим најефикасни беа браќата Марко и Душан Млаѓан, кои се Срби по потекло. Кај Србија најефикасни беа Аврамовиќ со 23, и Апиќ и Анѓушиќ кои уфрлија по 20 поени. За Србија ова е втор пораз во три кола, откако во претходниот квалификациски прозорец загубија и од Грузија.

Ова е кошот за победа и веројатно најважен кош во историјата на швајцарската кошарка:

https://twitter.com/i/status/1332727933887135745

- Оглас -

Најнови вести