Какви се шансите да се повтори ланскиот шок на „Етихад“?

Неверојатната низа од 20 победи во сите натпреварувања, од кои 14 се во Премиер лигата, речиси му гарантираат на Манчестер сити дека ќе се врати на тронот во фудбалска Англија. По 26 кола, Граѓаните имаат голема предност од 12 бода во однос на второпласираниот градски ривал Манчестер јунајтед и засега ниту еден противник не успеа да му застане на патот на тимот кој го предводи Пеп Гвардиола.

Најавите се дека оваа серија ќе продолжи, но сепак вечерва Сити го пречекува составот на Вулверхемптон, кој на последното гостување на „Етихад“ приреди голем шок. Волците триумфираа со 2-0 благодарение на головите на Адама Траоре во финишот од средбата.

По речиси една и пол година од тој шок, избраниците на Нуно Еспирито Санто доаѓаат во Манчестер по ново изненадување. За жал, португалскиот стратег за овој меч нема да смета на еден од главните играчи, напаѓачот Раул Хименес, кој му ги намести двата погодоци на Траоре во ланската голема победа над Сити.

Сепак, Вулверхемптон покажа дека и тоа како може да се носи против фаворитот за нов шампион во Премиер лигата бидејќи во ланската сезона оствари двојна победа над екипата на Гвардиола.

Шансите дефинитивно се минимални да се повтори исходот минатосезонскиот дуел на „Етихад“ и воедно Вулверхемтпон да биде тимот кој ќе ја прекине низата на Сити, но доколку има обложувачи кои се надеваат во ново чудо, Sport Life нуди огромна квота од 17.3 за „двојка“ во корист на Волците. За идентична реприза, односно победа од 2-0 на Вулфс, точниот резултат носи неверојатен коефициент 81.

- Оглас -

Најнови вести