Какви се шансите Ѓоковиќ да загуби од денешниот ривал?

Новак Ѓоковиќ незадржливо граби кон уште една титула на Грен слем турнирот во Њујорк, популарниот САД Опен. Србинот кој е прв носител и лидер на АТП ранг листата, вечерва од 20 часот треба да игра во осминафиналето, а противник му е Пабло Карено Буста од Шпанија. Дуелот се игра на централниот терен „Артур Еш“.

Популарниот Ноле е трикртен освојувач на Грен слемот во Њујорк, а во мечот против Буста влегува со неверојатен скор од 26 победи и ниту еден пораз во 2020 година. Србинот ќе се обиде да стигне до 12-тото четвртфинале на САД опен. Од 2007 до 2018 година тој успеа 11 пати во низа да биде дел барем од осумте најдобри на турнирот.

Шпанецот досега три пати има играно против Ѓоковиќ и секогаш губел. Последен пат играа лани во Синсинати, а фаворитот победи со 2:0 во сетови, во меч кој траеше 91 минута. И покрај тоа што сите факти одат на страна на Новак, тој нема предвреме да ја прослави победата.

„Буста е доста солиден играч. Можеби не поседува некое екстра добро оружје, но секој негов удар е добар. Одлично ги враќа сите топки и подготвен е на долги поени. Ова ќе биде многу исцрпувачки меч како на физички така и на психички план“, рече Ѓоковиќ пред вечерашниот меч.

Во мечот кој се одигра ноќеска во рамките од третото коло, Доминик Тим со 3:1 во сетови го победи Марин Чилиќ. Хрватот немаше сили за уште еден пресврт како во претходното коло, па Австриецот оди понатаму.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести