Какви се шансите за Македонија да игра на ЕП: Еве го распоредот кој со кого игра до крајот во групата

Сонот дека македонската фудбалска репрезентација може да се избори за место на Европското првенство во 2020 година, уште трае. По синоќешната победа против Словенија, нашата репрезентација се искачи на третото место во групата со 11 бодови колку што има и Словенија на четвртото место. Пред нас се лидерот Полска со 16 бодови и Австрија со 13 бодоци.

До крајот на квалификациите остануваат уште три кола, а калкулации има многу. Во борбата за првите две места теоретски шанси има и Израел кој е на петото место со осум бода.

Од сите варијанти, теории, претпоставки, Македонија гледа своја опција за освојување барем на второто место во групата.

Полска е следниот ривал на Македонија и тоа на гости во Варшава. Реално домаќините се фаворити, но Македонија покажа дека знае да игра и со поквалитетни ривали, па зошто да не се надеваме на освојување барем на еден бод од ова гостување.

ЕВЕ ГО РАСПОРЕДОТ НА НАТПРЕВАРИ ДО КРАЈОТ ВО ГРУПАТА Г

  1. КОЛО

Полска – Македонија (13 октомври)

Словенија – Австрија (13 октомври)

Израел – Летонија (15 октомври)

  1. КОЛО

Австрија – Македонија (16 ноември)

Словенија – Летонија (16 ноември)

Израел – Полска (16 ноември)

  1. КОЛО

Македонија – Израел (19 ноември)

Летонија  – Австрија (19 ноември)

Полска – Словенија (19 ноември)

 

 

- Оглас -

Најнови вести