Какво лудило во Виена, Легија славеше во спектакл со 8 гола, а Роналдо е јунакот на Левски (Видео)

Екипите на Австрија Виена и Легија Варшава приредија спектакл за гледачите, а на крајот се радуваа гостите од Полска, кои победија со 5-3 и со тоа се пласираа во баражот за влез во групите во Конференциската лига.

Австрија победи на првиот меч во Варшава со 2-1, но вечерва Легија по 60 минути поведе со 3-0 во Виена и се чинеше дека ги решиле сите дилеми. Во 83-тата минута Австрија намали на 2-3, резултат кој ги носеше во продолженија.

Тогаш почна вистинската драма. Најпрвин Легија во 87-мата поведе со 4-2, но Виена не се предаваше и во седмата минута од судиското продолжение даде гол за 3-4. Завршниот удар го зададе Мучи од Легија, кој погоди во стотата минута. Голот може да го видите ТУКА.

Драма имаше и во Софија, каде што Левски со гол во финишот (стрелец беше 22-годишниот Бразилец Роналдо во 96-та минута) го победи и го елиминираше Хапоел Бер Шева. Левски во баражот ќе игра против Ајнтрахт од Франкфурт.

- Оглас -

Најнови вести