Какво време дојде: Њукасл ја посакува ѕвездата на Реал Мадрид

Раководството на Њукасл се подготвува да достави понуда за ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос.

Според медиумите од островото, арапските сопственици на Премиерлигашот се подготвени да понудат 30 милиони евра за еден од најважните играчи на кралскиот клуб, кој години наназад заедно со Лука Модриќ и Каземиро се „газди“ на средината на овој клуб.

Сепак, голема е веројатноста дека оваа понуда ќе биде одбиена, но, дефинитивно „апетитите“ на Чавките пораснаа со доаѓањето на нивните сопственици, и од ангажирање на просечни играчи, тие сега се во потрага по најдоброто што може да се донесе.

- Оглас -

Најнови вести