Кал, голеада и нов неуспех на Вардар во Кратово

Силекс го совлада Вардар со 3-2, а Струга Трим Лум и Воска спорт одиграа соседско дерби без голови во двата денешни заостанати мечеви од Првата македонска фудбалска лига.

На тешкиот каллив терен во Кратово, Каланоски даде два гола во првото полувреме за пресврт и водство од 2-1 по голот на Мишковски, со кого поведе Вардар. Во вториот дел паднаа два убави гола, по еден на двете страни. Силекс пет години нема загубено дома од Вардар.

Со новите три бода, Силекс се зацврсти на четвртото место, а Вардар е закован на дното на табелата.

Нови лидери се стружани, кои со 1-0 победија против Воска, а голот падна дури во деветтата минута од судиското продолжение од пенал, чиј реализатор беше Згуро. Струга и понатаму нема нерешен резултат сезонава.

- Оглас -

Најнови вести