Калајџиќ и Чурлинов му донесоа победа на Штутгарт, на ЕП можат да бидат само ривали

Дарко Чурлинов и Саша Калајџиќ одлично соработуваа на „Мерцедес Бенц“ арена вечерва и беа креатори на победничкиот гол за Штутгарт, кој славеше со 2:1 против Аугсбург вечерва во премиерниот меч од 32. коло во Бундеслигата.

Нашиот единствен фудбалер што игра во најсилната германска лига влезе како резерва во 64. минута и само 10 минути подоцна му асистираше на австрискиот репрезентативец Калајџиќ за победа.

Чурлинов е еден од најталентираните македонски фудбалери, тој е и најмладиот македонски репрезентативец во историјата, а можно е да биде повикан од селекторот Игор Ангеловски за пат на Европското првенство што ќе се игра од 11. јуни до 11. јули.

Токму Австрија ќе ни биде прв ривал во историски меч за нас на големите натпреварувања, на 13. јуни во Букурешт, па соиграчите од Штутгарт и креатори на победата вечерва против Аугсбург, Калајџиќ и Чурлинов можат да биде и ривали на националната арена во главниот романски град.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести