Калараш објави дека заминува од Вардар 1961

Рускиот пикер Глеб Калараш на крајот на оваа сезона ќе си замине од Вардар 1961. Тој ова го потврди преку социјалните мрежи. Кружниот напаѓач три сезони го носеше црвено-црниот дрес, а на негово место најавено е доаѓање на Французинот Жереми Тото.

Калараш има играно за Санкт Петербург, Магдебург и Мотор Запорожје, а засега не се знае каде продолжува.

Вардар 1961 ќе го напуштат уште Марко Кизиќ, Робин Кантегрел, Кристијан Дисингер, Ловро Јотиќ, Иван Чупиќ и тренерот Стевче Алушовски.

- Оглас -

Најнови вести