Калгари е велесила за Аризона, Ајлендерс го растури лидерот на Истокот

Калгари флејмс ја запиша петтата последователна победа со убедлив тирумф над Аризона којотс од 7-1. Домаќините постигнаа барем по два гола во секој од трите периоди, а вторпат сезонава лесно ги совладуваат „којотите“, откако во првиот меѓусебен дуел сезонава славеа со 6-1.

„Островците“ од Њујорк му нанесоа тежок пораз на лидерот од Источната конференција, Тампа Беј лајтнинг со 5-1. Домаќините по воведниот период имаа удобна предност од три гола, а во следните два периоди ја потврдија 25-тата овосезонска победа.

Сосема со различен исход заврши средбата во која играше вториот тим од Њујорк. Ренџерс загуби со 7-5 на гостувањето кај Колумбус блу џекетс и го претрпе вкупно 27-миот пораз сезонава. Вториот период на средбата се покажа како решавачки откако во воведните 20 минути резултатот беше неизвесен (2-2). Ренџерите се обидоа да се вратат резултатски, но на нивните два гола во последниот период домаќините им одговорија исто, со два погодока.

Резултати НХЛ:

Калгари флејмс – Аризона којотс 7-1

Каролина хурикејнс – Нешвил предаторс 6-3

Колумбус блу џекетс – Њујорк ренџерс 7-5

Винипег џетс  – Анахејм дакс 4-3 (по продолжение)

Њујорк ајлендерс – Тампа Беј лајтнинг 5-1

Ванкувер канукс – Флорида пантерс 5-1

 

- Оглас -

Најнови вести