Калгари го преживеа ураганот од Каролина

Калгари флејмс славеше на гостувањето кај Каролина хурикејнс со 4-3 за вкупно 34-тата победа сезонава. Лидерот на Западот се зацврсти на врвот на табелата и успеа да ја задржи тешко изборената предност. Во последниот период Калгари влезе со еден гол предност, на седум минути до крајот Ханифин реализираше за 4-2, а домаќините потоа немаа време за израмнување, Ахо на минута до финишот само намали за конечни 4-3.

На бостонските екипи ноќеска сѐ им одеше од рака. Пред Пејтриотс да освои нова титула во Супербол, односно победата на Селтикс над Оклахома, и хокејската франшиза донесе радост за овој град. Од тешкото гостување кај шампионот Вашингтон капитолс, Бруинс се вратија со минимална победа од 1-0.

Средбата ја реши Дејвид Крејчи во 11-тата минута од втората третина, па гостите до крајот на мечот успеаја да ја сочуваат мрежата. Бруинс за првпат сезонава го совладаа актуелниот НХЛ-првак, по двата последователни порази од 7-0 и 4-2.

Монтреал канадиенс по продолжението се радуваше на триумф над Едмонтон ојлерс со конечни 4-3. Дуелот го одлучи голот на Дроин по нецела минута во дополнителниот период.

- Оглас -

Најнови вести